Лионел Меси се прости од аргентинската репрезентација со емотивна порака откако го одигра својот последен натпревар во дресот на националниот тим.
Еден ден по натпреварот против Бенин, Меси објави порака на социјалните мрежи во која им се заблагодари на своето семејство, соиграчите, тренерите, клубовите за кои настапуваше и навивачите што го следеа во текот на неговата репрезентативна кариера долга повеќе од две децении.
„Вчера беше мојот последен натпревар и веќе ми недостига носењето на небесно-синиот и бел дрес. Знам дека ја носам вистинската одлука. Тоа беше неверојатно патување, исполнето со радост, но и со тага, но едно знам сигурно секој чекор што го направив вредеше“, напиша Меси.
Аргентинецот истакна дека му е тешко со неколку зборови да го опише сето она што го чувствува по завршувањето на својата репрезентативна кариера.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
