Лука Дончиќ се подготвува за новата сезона со ЛА Лејкерс, но словенечкиот суперстар не крие дека се уште се соочува со сериозни приватни проблеми поради правната битка за старателство на своите ќерки.
За потсетување, Дончиќ пред повеќе од половина година се раздели од поранешната вереница Анамарија Голтес, која се спакува и заедно со ќерките се врати назад во Словенија.
Лука во меѓувреме покрена правна постапка со цел неговите две деца да дојдат и да живеат во САД, тој процес се уште е во тек, а Словенецот во разговорот за „Спортс Илустрејтед“ ја отвори душата на оваа тема.
„Ги немав видено речиси цела сезона. Не можам да продолжам вака, не би можел да поднесам уште една таква сезона, далеку од моите ќерки. Сакам да го минувам секој ден со нив, а тоа е невозможно. Затоа ланскиот шампионат ми беше тежок, морав да се сконцентрирам на кошарка иако ми беше многу тешко, си ги видов децата само четири или пет дена во цела сезона. Ништо не ми е поважно во животот од нив, ќе сторам се за двата родители да бидат присутни во нивните животи“, прокоментира Дончиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
