Мурињо веќе отпиша двајца фудбалери

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, веќе почна да го составува тимот на Реал Мадрид по своите замисли и донесе одлука дека двајца играчи се вишок во соблекувалната.

„Атлетик“ пишува дека Мурињо повеќе воопшто нема да смета на Андриј Лунин и Раул Асенсио.

Асенсио до пред две години се сметаше за иднина на Реал Мадрид, тогаш Карло Анчелоти го прекомандува во првиот тим и често му даваше шанса.

Но, минатата сезона неговиот развој беше забавен поради проблемите со повредите и неговите испади во јавноста, а со доаѓањето на Мурињо работите уште повеќе се закомпликуваа, по што сега е донесена одлука тој во зимскиот преоден рок да може да си бара нов тим.

Лунин кој имаше голема улога во освојувањето на последната титула на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, откако се повреди Тибо Куртоа, не е во плановите на Мурињо иако има договор со „кралскиот клуб“ до 2030 година.

Се вчитува...