Премиер-лигата ќе продолжи со големото дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Сити закажано за в недела, дуел на кој домашниот состав најверојатно ќе настапи без двајцата клучни офанзивни фудбалери, Александар Исак и Коди Гакпо.
Двајцатаљ фудбалери се повреди при репрезентативната пауза, Швеѓаните информираа дека проблемот со Исак не е многу сериозен, додека кај Гакпо веднаш беше јасно дека повредата не е наивна откако настрада по еден дуел на гостувањето со Србија.
Двајцата офанзивци го пропуштија вчерашниот тренинг на „црвените“, неизвесно е дали воопшто ќе можат да почнат со тренинзи до крајот на неделава, па нивниот настап на големото дерби е сведен само на теоретски шанси.
Неизвесно е дали во гостинскиот табор ќе се појави Ерлинг Халанд, кој исто така се пожали на повреда на последниот меч од репрезентативната пауза, самиот барајќи да биде замент од норвешкиот селектор на гостувањето против Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
