Двократниот европски шампион Вардар го запиша и третиот пораз сезонава во Лигата на шампионите во исто толку натпревари откако вечерва загуби на домашен терен од Висла Плоцк со 26-32.
По мечот тренерот на црвено-црните, Иван Чупиќ ги сумираше впечатоците…
„Лошо го отворивме натпреварот. Се подготвувавме секако бидејќи знаевме дека ќе биде тешко во нападот. Имавме моменти кога бевме океј, но јас погрешив што отворивме 7 на 6. Одбрана одигравме добро и компактно. Заслужено победи Висла бидејќи беа подобар тим. Немавме вистински решенија во нападот. Многу се мачевме, баравме нешто, но не најдовме вистинско решение. Не пресече тоа 7 на 6 и за тоа сум само јас одговорен“, изјави Чупиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
