Фантастично: Фадуил од Вардар го израмни рекордот на својот полубрат Пранди од ПСЖ

Вардар не успеа во желбата да слави над Висла Плоцк за прва победа во ЛШ во новата сезона, па залудна остана неверојатната партија на Матео Фадуил.

Францускиот бек одигра меч за паметење постигнувајќи дури 14 погодоци, што е негов апсолутен рекорд на кариерата кога станува збор за европските натпревари.

Она што е уште поинтересно, Фадуил со оваа бројка го израмни рекордот на својот далеку попознат полубрат, Елоим Пранди кој ги брани боите на ПСЖ. Пранди постигна 14 гола за „светците“ на дуелот со Барселона во декември 2025, а Фадуил нецела година подоцна стигна до истата бројка, како член на Вардар.

Така, двајцата полубраќа сега го држат рекордот за најефикасни француски ракометар на еден меч од Лигата на Шампионите.

Се вчитува...