Аргентинските интернационалци Лионел Меси и Родриго де Пол нема да настапат на претстојниот натпревар на ѕвездите во МЛС лигата (Ол-стар), но овојпат ќе избегнат суспензија, соопшти раководството на лигата.
Според официјалното соопштение, пред почетокот на сезоната 2026 година, МЛС и Здружението на играчи постигнале договор со кој на фудбалерите им се овозможува соодветен одмор по настапот на Светското првенство. Меси и Де Пол на 19 јули играа во драматичното финале на Мундијалот, каде Аргентина загуби од Шпанија со 0-1 по продолженијата.
За капитенот на Интер Мајами ова е трета сезона по ред како го пропушта овој ревијален натпревар. Минатата година Меси беше суспендиран на еден меч поради отсуство, но новите правила сега го штитат од казна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
