„Лицемерите го критикуваат Новак, а одат по плажи и слават титула на Ливерпул“

Крајно лицемерно…Вака Јанко Типсаревиќ ги оценува критиките кон Новак Ѓоковиќ. Ова особено се однесува на бритaнските медиуми кои беа најжестоки кон првиот тенисер во светот кој заедно со уште неколкумина се зарази со COVID-19 за време на турнирите од „Адрија тур“. Григор Димитров беше тој што ја прошири заразата.

„Британците кои сега се обидуваат да го „обесат“ Новак се најголеми лицемери, се појавија фотографии од плажа на северот на Англија на која се гледаат илјадници луѓе, играчите и навивачите на Ливерпул ја слават титулата. Слично е и во Бундес-лигата, ако некој е позитивен го отстрануваат и се си е во ред. И баш би сакал да ги видам Американците што ќе прават ако некој се зарази на УС Опен каде што ќе има 700 луѓе“ – револтирано коментира Типсаревиќ.

Неколкуте турнири кои ги организираше Новак Ѓоковиќ во рамки на „Адрија тур“ имаа хуманитарен карактер и требаше да помогнат на понискорангираните тенисери, но се случи катастрофа кога од Димитров се заразија Ѓоковиќ, Иванишевиќ, Чориќ и уште неколкумина други.

Се вчитува...