Литванец и Србин го засилија Кожув во борбата под обрачите

Кожув најавуваше атак на висок пласман со тим во кој ќе доминираат домашните играчи, но тренерот Алек Јончевски свесен за проблемите на центарската позиција сепак се реши за ангажман на двајца странски кошаркари на околу еден месец до стартот на сезоната.

Литванецот Томас Здаваничиус се очекува да биде стартер во тимот на Јончевски, со оглед на фактот дека станува збор за квалитетен центар кој пред неколку години беше и младински репрезентативец на својата земја. Заедно со него денеска беше потпишан договор и со 23-годишниот српски крилен центар, 23-годишниот Никола Павловиќ од екипатња на Златибор.

Кожув во првото коло од новата сезона ќе го пречека тимот на Охрид.

Се вчитува...