Литванија рутински против Канада

Литванската кошаркарска репрезентација рутински стигна и до втората победа на Светското првенство во Кина, откако ја совлада Канада со убедливи 92-69. Литванците во текот на целиот меч го контролираа резултатот не дозволувајќи и на ослабената канадска репрезентација во ниту еден момент да не се понадева на победата.

Најдобар поединец во победничкиот табор беше Улановас со 15 постигнати поени, Валанчиунас додаде 13, а по 11 имаа Калниетис и Лекавичиус. Кај Канаѓаните најефикасен беше Кајл Витлер со 24 поени.

Во последното коло Литванците во директен дуел против Австралија ќе одлучуваат за првото место во Х групата, додека Канада ќе игра со Сенегал.

Се вчитува...