Ливаја ја напушти репрезентацијата на Хрватска по вчерашниот инцидент! (ВИДЕО)

Марко Ливаја денеска ја напушти хрватската репрезентација по инцидентот на вчерашниот тренинг на националниот тим, на кој фудбалерот на Хајдук се обидел да се пресмета со навивачи на трибините, кои го следеле тренингот на собирот во Ријека.

Добро е познато дека навивачите на Ријека се острат против Ливаја уште од финалниот натпревар во Купот на Хрватска во кој по триумфот на Хајдук, Ливaја ги предводеше популарнитe „Торцида“ со навредливо навивање против Ријека. За истото федерацијата покрена дисциплинска постапка, но Далиќ се одлучи да го повика на јунскиот собир на репрезентацијата.

Сепак, на првиот ден од тренинзите на селекцијата на Хрватска, 29-годишниот Ливаја наиде на жестоки навреди од навивачите, па вчера подлегнувајќи на провокациите од трибините од каде се слушале погрдни зборови тргнал тргнал физички да се пресмета со нив. За среќа брзата реакција на Ведран Чоркула спречила голем инцидент.

„Коњу, зошто не се трудиш? Да ти е.еме мајката Ливаја! Ѓубре едно, мрш од репрезентацијата“ – биле само дел од навредите од трибините на понеделничкиот тренинг, по кои Ливаја тргнал на трибините физички да се пресметува со навивачите, но бил спречен.

Па, по сето тоа Ливаја денеска не присуствувал на тренингот а по истиот го информирал селекторот Далиќ дека се повлекува од репрезентацијата во интерес на националниот тим.

„Поради се што се случуваше изминативе 24 часа мора да се повлечам затоа што не сум подготвен да го дадам максимумот. Мислам дека ќе сум и пречка за мирна работа на репрезентацијата. Му благодарам на селекторот за разбирањето, благодарност и до сојузот. Репрезентацијата многу ми значи и се надевам дека во иднина повторно ќе бидам нејзин член“ – соопшти Ливаја.

Инаку, во Ријека вчерашниот тренинг на кој бил инцидентот го следеле околу 1.500 навивачи.

Се вчитува...