Ливаја за срамните скандирања добива казна од ХНС но и бришење од списокот на репрезентацијата? (ВИДЕО)

Хрватскиот фудбалски сојуз информираше дека е покрената дисциплинска постапка против репрезентативецот и член на Хајдук, Марко Ливаја поради крајно срамното скандирање против фудбалскиот клуб Шибеник и неговите навивачи по освојувањето на трофејот во Купот на Хрватска.

Ливаја по средбата заедно со навивачите на Хајдук пееше: „Фрезе, трактори и селски патишта, пи*ки шибенски, пи*ки шибенски…“, што наиде на силна осуда од хрватската јавност.

Токму поради тоа ХНС покрена и постапка, но најголемата казна за Ливаја може да биде тоа што би бил избришан од списокот на Златко Далиќ во репрезентацијата на Хрватска. Се разгледува и таа можност.

А, ХНС, покрај за Ливаја, покрена постапка и против 16-годишниот Лука Вушковиќ, младиот фудбалер на Хајдук, кој при прославата на трофејот на сплиќани исто така се дрзна заедно со помошниот тренер да скандира и пее вулгарно против шибенскиот клуб.

Се вчитува...