Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, ќе биде надвор од терените на следните осум натпревари за својот тим, меѓу кои и натпреварите против Челси, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Бразилецот претрпе уште една повреда на тетивата, негова четврта во последните две години, против Галатасарај во Лигата на шампионите.
Се очекува Арне Слот да ја потврди веста на прес-конференцијата пред натпреварот со Челси, но веќе е јасно дека 33-годишникот ќе биде надвор од терените до ноемвриската репрезентативна пауза.
Тоа значи дека голманот ќе го пропушти патувањето на Стемфорд Бриџ во сабота, плус седум натпревари меѓу октомвриската репрезентативна пауза и ноемвриската. Овие седум натпревари вклучуваат два натпревари од Лигата на шампионите на гостински терен против Франкфурт и дома против Реал Мадрид, плус лигашки натпревари со Манчестер Јунајтед, Брентфорд, Астон Вила и Манчестер Сити.
Алисон претрпе четири различни повреди минатата сезона, пропуштајќи вкупно 31 натпревар за клубот и репрезентацијата. Откако потпиша за Ливерпул во 2018 година, тој досега пропушти 55 натпревари, а оваа последна повреда ќе го зголеми бројот на 63 натпревари. Во секој случај, бизарен рекорд за голманот на „црвените“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

