Ливерпул доби „корпа“ од Бенфика за новата португалска ѕвезда Жоао Феликс

Англискиот премиерлигаш Ливерпул се обиде да го доведе Жоао Феликс од Бенфика на „Енфилд Роуд“, но ниту понуда од 70 милиони евра не беше доволна за португалскиот клуб да даде согласност за реализација на трансферот. 19-годишниот офанзивен играч за врска блесна оваа сезона, тоа веднаш го воочија големите европски клубови, а Јирген Клоп прв испрати понуда до Бенфика.

Сепак, раководството на Бенфика не ни помислува да го продаде својот нов фудбалски бисер. Тој има откупна клаузула од 120 милиони евра во договорот и единствено со уплата на целосната сума ќе може да се оствари трансферот.

Покрај Ливерпул, за Жоао Феликс се интересираат и Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер сити и Монако.

Се вчитува...