Ливерпул и Тотенхем најблиску до потписот на Мејер

Офанзивниот фудбалер на Шалке и германската репрезентација, Макс Мејер од летово би можел да заигра во Премиер лигата. Ливерпул и Тотенхем се главни кандидати за неговиот потпис, но не се исклучува опцијата да го продолжи договорот со Шалке. Договорот му истекува идното лето, па разбирливо е клубовите од поголем ранг да се распрашуваат за неговите услуги.

„Нема преговори за нов договор, не ја исклучувам опцијата околу заминување, шансите засега се 50-50.“ – изјави Мејер.

Покетино и Клоп се запознаени со Мејер и нивните скаути редовно ја следат неговата игра. Во неговите тинејџерски години беше поврзуван со трансфер во Арсенал, но на крајот беа само шпекулации.

Мејер е еден од најталентираните играчи од Германија. 21-годишниот креативец е капитен на младата репрезентација,  а веќе забележа и четири настапи за сениорите. Оваа сезона за шалке на 32 настапи постигна два гола и четири асистенции.

Се вчитува...