Ливерпул ја демолираше Спарта во Прага, Баер се спаси од срам во Азербејџан, Рома убедлива со Брајтон (ВИДЕО)

Ливерпул веќе е во четвртфиналето на Лигата на Европа откако убедливо со 1-5 славеше на гостувањето против Спарта во Прага во првиот натпревар од осминафиналната пресметка.

Црвените уште по првото полувреме имаа предност од 0-3 по головите на Мекалистер во 6. минута од пенал, на Дарвин Нуњез во 25. и во 45. минута.

Во второто полувреме, со автоголот на Бредли домашните ублажија на 1-3, но веќе во 53. минута погоди и Диаз за 1-4. Собослаи во последните секунди од мечот заокружи на 1-5.

Рома, исто така е веќе во четвртфинале откако победи 4-0 против Брајтон. Дибала во 13.минута и Лукаку во 43. минута стрелаа за првите два гола, а Манчини во 64. минута и Кристанте во 68. минута заокружија на 4-0.

Баер Леверкузен, пак, беше изненаден во Азербејџан од Карабах кој имаше предност од 2-0 на полувремето, но германскиот состав со головите на Вирц во 70. минута и Шик во 92. минута успеа некако да дојде барем до реми.

Се вчитува...