Ливерпул ја спушти цената, Шаќири е пред преселба во Франција

Џердан Шаќири е чекор поблиску до заминување од Ливерпул откако поранешниот англиски првак ја спушти цената што ја бара за швајцарскиот репрезентативец. Ливерпул лани бараше 20 милиони евра, на почетокот од летово сумата беше спуштена на 15 милиони, за според последните информации „црвените“ сега да се задоволни и доколку добијат 10 милиони евра за Шаќири кој не е дел од плановите на Јирген Клоп.

Лион е клубот што сега е лидер во трката по Швајцарецот, откако францускиот клуб не успеа во првите месеци од преодниот рок да доведе креативен офанзивец што би го заменил Мемфис Депај. Лион ги договорил и личните услови со Шаќири, па сега останува да се договори уште висината на отштетата со Ливерпул.

Првата понуда од шест милиони евра била експресно одбиена од Ливерпул, но се очекува францускиот прволигаш во следните денови да испрати зголемена понуда, во обид што поскоро да го донесе Шаќири на „Жерлан“.

Се вчитува...