Ливерпул конечно ја „вкуси“ победата во Премиерлигата, Жота е новиот херој на Клоп

Вечерва се одигра тврд натпревар во Вулверхемптон, а тимот на Клоп, по долго време ја вкуси победата, па со конечни 0-1, фудбалерите на Ливерпул обезбедија значајна победа против незгодниот Волвс.

Само еден гол беше доволен за Ливерпул да ги освои трите бода на гостувањето против Вулверхемптон, па сега со овој поволен резултат фудбалерите на Клоп може да се надеваат на враќање кон победничките патеки.

Мечот беше прекинат во 87. минута откако голманот на Волвс, Руи Патрисио се здоби со страотна и доста сериозна повреда, па натпреварот беше продолжен до 115. минута, но и покрај ова резултат остана непроменет.

Диего Жота беше стрелец за „црвените“, постигнувајќи гол во последната минута од продолжението во првото полуверме, а овој погодок се покажа како сосема доволен за радост на избраниците на Клоп.

Ливерпул сега се наоѓа на 6-та позиција во Премиер лигата со 46 поени, па полека но сигурно се вклучува во борбата меѓу најдобрите пет во Англија.

 

 

 

 

Се вчитува...