Ливерпул лесно го доби Евертон, но остана без Мане

Ливерпул ја продолжи серијата добри игри на дерби натпреварите откако славеше на градската пресметка со Евертон со 3-1. „Црвените“ доминираа во однос на избраниците на Роналд Куман и апсолутно заслужено на крајот се радуваа на победата, на која црна дамка остави повредата на Садио Мане.

Токму Сенегалец го отвори резултатот по неполни десет минути игра, откако одличниот соло-продор го круниса со прекрасен гол по земја од петнаесетина метри. Гостите успеаја да израмнат, но Ливерпул веднаш повторно поведе, овојпат преку Кутињо.

На стартот од второто полувреме се зголемија проблемите на Клоп, кој остана без Мане, кој заработи повреда што на прв поглед не делуваше воопшто наивно. На негово место во игра влезе Ориги, а токму белгискиот голгетер ги постави конечните 3-1 со прекрасен удар од дваесетина метри.

All Goals & highlights HD – Liverpool 3-1… by jaredpeele

Се вчитува...