Ливерпул не е ниту „бледа сенка“ од шампионскиот тим – Пораз од Евертон во градското дерби (ВИДЕО)

Продолжува катастрофалната серија на Ливерпул во англиската Премиер-лига, откако на домашен терен „црвените“ загубија од градскиот ривал со 0-2 во натпревар од 25. коло. Ришарлисон во 3. и Сигурдсон во 83. минута од пенал беа творци на победата на „карамелите“.

Нов пех за Јирген Клоп е повредата на капитенот Џордан Хендерсон кој мораше да го напушти теренот во 30. минута, а по дополнителните прегледи ќе биде познато колку време ќе отсуствува од терените.

Со победата Евертон се израмни на табелата со градскиот ривал и сега двата тима имаат по 40 бода и се наоѓаат на шестата и седмата позиција.

 

 

 

Се вчитува...