Ливерпул нема да ги пушти фудбалерите за репрезентативните активности во март

Ливерпул испрати допис до ФИФА и УЕФА со барање да се ослободат нивните фудбалери овој месец од репрезентативните активности. Во прашање се фудбалерите кои играат за репрезентациите од „црвената зона“ кога е во прашање пандемијата на коронавирусот.

Ливерпул ќе бара да се ослободат фудбалерите од Португалија и од Бразил, Алисон, Фабињо, Фирмино и Диого Јота.

Проблемот е што доколку овие фудбалери се приклучат на своите репрезентации, потоа согласно актуелните британски закони за заштита од коронавирусот, по враќањето ќе мора да минат десет дена во изолација, што за Клоп е неприфатливо во ситуација кога се соочува и со голем број повредени фудбалери во тимот.

А, слична е ситуацијата и со останатите клубови кои имаат право, и според размислувањата на ФИФА и УЕФА, за мартовските репрезентативни собири да побараат неослободување на фудбалерите.

Се вчитува...