Ливерпул нуди 35 милиони евра за Иван Перишиќ

Англискиот премиерлигаш Ливерпул е подготвен да испрати понуда вредна 35 милиони евра до Интер за услугите на хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ. Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, сака да го реновира делумно напаѓачкиот ред, а една од неговите нови желби е Хрватот кој играше под негова команда во редовите на Борусија Дортмунд од 2011 до 2013 година. Тој одлично ги познава неговите квалитети и смета дека ќе успее да се вклопи на „Енфилд роуд“.

Иван Перишиќ игра одлична сезона во Серија А во дресот на Интер и досега постигна девет гола и има седум асистенции. Тој во Интер дојде од Волфсбург за сума од 19 милиони евра, а сега „нероаѕурите“ на него би можеле да заработат речиси двојно. Тој има актуелен договор со Интер до 2020 година.

Се вчитува...