Ливерпул одбил 100 милиони евра од Барселона за Кутињо

Продажбата на Бразилецот Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен се очекува да предизвика нов домино ефект во Европа. Каталонскиот гигант веќе е во потрага по неговиот наследник, а прв „пик“ е Филипе Кутињо од редовите на Ливерпул. Сепак, англискиот премиерлигаш нема намера да го продава бразилскиот ас ова лето и ја одбил понудата од Барселона.

Ливерпул не сака да слушне за продажба на Кутињо дури и за 100 милиони евра.

„Не знам како поинаку да соопштиме. Кутињо не е на продажба“, изјави менаџерот Јирген Клоп.

 

Се вчитува...