Англискиот премиерлигаш Ливерпул, направи конкретен потег во обидот да го ангажира еден од најталентираните фудбалери на светот, 17-годишниот мексикански репрезентативец Жилберто Мора кој настапува за Клуб Тихуана.
Мексиканскиот новинар Давид Фаителсон објави дека Ливерпул за младиот фудбалер понуди повеќе од 50 милиони евра.
Фаителсон за телевизијата ТУДН откри дека мексиканскиот тим ја добил понудата преку агентката на Мора, Рафаела Пимента.
Според неговите информации, понудата ја доставил Ливерпул, а вредноста на трансферот би требало да изнесува повеќе од 50 милиони евра.
🇲🇽👀 𝗖𝗢𝗡𝗙𝗜𝗥𝗠𝗘𝗗: According to @ptgorst, Liverpool are keen on Gilberto Mora. https://t.co/3OMTr6eMmc
— LFC Transfer Room (@LFCTransferRoom) October 8, 2026
Ливерпул подолго време ги следи настапите на Мора, челниците на „црвените“ веќе стапиле во контакт со агентката на талентираниот фудбалер, Рафаела Пимента.
Мора вниманието го привлече со настапите на Светското првенство кое изминатото лето се одржа во САД, Канада и Мексико. Иако се уште нема 18 години, тој веќе запиша 13 настапи за сениорската репрезентација на Мексико.
Доколку се реализира трансферот, Мора би станал најскап фудбалер кој направил трансфер од мексиканскиот фудбал. Моментниот рекорд го држи Едсон Алварез кој во 2019 година од Клуб Америка премина во Ајакс во трансфер вреден 15 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
