Нема ново чудо од Партизан, „кралевите“ ја запишаа првата победа во Евролигата

Кошаркарите на Партизан се поразени на гостувањето во Мадрид кај Реал со 88:78 во натпревар од четвртото коло во Евролигата. Ова беше прв пораз за Партизан, додека Реал Мадрид конечно дојде до првиот триумф сезонава во Евролигата.

„Кралевите“ одиграа одлична одбрана во првото полувреме, го задржаа противникот под 20 поени во двете четвртини (27:19,26:18) и си обезбедија двоцифрена предност на полувремето (53:37). Во третата четвртина, Реал ја задржа двоцифрената предност, а во последниот период имаше и 20 поени предност и дефинитивно стана јасно дека ќе ја запише првата победа сезонава во Евролигата.

Колективната игра беше клучот за победата на Реал каде само Просида не влезе во игра, а најефикасни беа Маледон со 13 и Кампацо со 12 поени.

Кај Партизан, Карлик Џонс даде 19 поени, а Итан Томпсон 14 поени.

Се вчитува...