Валах со втора најдобра одбрана колото во ЛШ (ВИДЕО)

Иако македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 претрпе пораз на домашен терен од полскиот состав Висла Плок во рамките на Лигата на шампионите, еден момент од натпреварот се најде во строгиот фокус на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Спектакуларната интервенција на вардаровиот чувар на мрежата, Милош Валах, е прогласена за втора најдобра одбрана на колото во ракометната елита.

Се вчитува...