Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да ја пренесе победничката низа од Пекинг на турнирот во Шангај, откако денеска уште во својот прв меч претрпе пораз од Роберт Хуркач со 2-0 во сетови (6-4, 6-3).
По одличните партии и исцрпувачките победи против Александар Зверев и Данил Медведев во Пекинг, уморот очигледно го зеде својот данок.
Српскиот тенисер на денешниот дуел изгледаше без доволно енергија за да му парира на расположениот противник во поголемиот дел од мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
