Дармијан конечно најде клуб по заминувањето од Интер

Матео Дармијан конечно ја заврши потрагата по нов клуб откако искуснио дефанзивец потпиша договор со Болоња. Десниот бек беше слободен на паарот од почетокот на јули, кога стана слободен играч по истекот на договорот со Милан.

Тој освои три скудета со „нероаѕурите“, поголема минутажа имаше кај Симоне Инзаги отколку кај Кристијан Киву, се очекуваше многу полесно да најде нов ангажман, но најважно е што сепак успеа да остане во италијанската фудбалска елита со потписот за „болоњезите“.

Овој клуб беше принуден да се активира на пазарот по тешката повреда на стандардниот десен бек Холм, кој ќе паузира шест месеци по повредата заработена при настап за репрезентацијата на Шведска.

Понудата на пазарот е лимитирана само на слободни играчи до почетокот на јануари, на „болоњезите“ не им се чекаше, па експресно ги договорија условите со Дармијан потпишувајќи до крајот на оваа сезона.

Се вчитува...