Ферстапен најбрз во квалификациите за спринтот во Сингапур

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен стигна до пол-позицијата за спринт трката за големата награда на Сингапур. Во квалификациите на Марина беј, Холанѓанецот стигна до пол-позицијата пред возачот на Мерцедес, Џорџ Расел. Од вториот стартен ред ќе тргнат Шарл Леклер во Ферари и Оскај Пјатри во Мекларен.

Вториот возач на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од петтото место, додека Луис Хамилтон е шести. Лидерот во генералниот пласман Кими Антонели имаше лоши квалификации и на спринтот ќе тргне од седмата позиција. Во топ 10 се најдоа уште и: Хаџар, Лосон и Гасли.

Спринтот е закажан за утре, а веднаш по него ќе бидат и квалификациите за главната трка која на програмата е во недела.

Се вчитува...