Кошаркарската федерација на Македонија го објави првиот билтен за новата сезона при што интересно е да се одбележи дека казни не беа изречени на клубови туку на официјални лица од натпреварите на Суперкупот на Македонија.
Двајца од судиите на машкиот супер куп Боро Антовски и Никола Јакимовски се санкционирани за слабо судење согласно извештајот од експертизата и прегледување на видео материјалот по член 87.3 и се казнуваат со забрана за вршење должност на четири натпревари во сите лиги. откако арбитражата се најде во фокусот поради спорната ситуација во финишот и победата на МЗТ против Куманово.
Што се однесува до женскиот супер куп таму е казнет делегатот Зоран Николовски за неуредно и непотполно спроведување на одлуки, пропуст во навремена и правилна реакција по член 80 се казнува со забрана на вршење на должност на четири натпревари во сите лиги.
ФОТО: kfsm.com
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
