Бројните ѕвезди на ПСЖ се вратија на тренинзи по репрезентативната пауза, а тренерот Луис Енрике донесе неочекувана одлука – да им даде продолжен одмор на двајца стандардни првотимци, Усман Дембеле и Нуњо Мендеш.
Дембеле настапи на четирите средби на Франција во оваа репрезентативна пауза, Мендеш исто така ги одигра сите четири средби за Португалија, па „светците“ решија да не ризикуваат да дојде до проблеми со повреди. Така, наместо да тренираат со остатокот од тимот, тие добија дополнителни денови за одмор, па Дембеле ќе се стави на располагање на 10 октомври, а Мендеш ден подоцна.
Двајцата дефинитивно нема да настапат викендов против Ле Ман, но се очекувва да бидат во тимот за големото дерби во Лигата на Шампионите во кое ПСЖ в среда ќе се сретне со Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
