Најкорисниот кошаркар во НБА стана сопственик на Атлетико Мадрид

Кошаркарот на Оклахома сити тандер, Шеј Гилџс-Александер, потврди дека инвестирал дел од својот голем капитал во мадридски Атлетико.

Канаѓанецот го избра Мадрид бидејќи, како што изјави, се поистоветува со вредностите на шпанскиот клуб амбиција, извонредност и верување дека секој резултат може да се постигне преку напорна работа.

„Возбуден сум што официјално се приклучувам кон групата акционери на Атлетико Мадрид. Тоа е клуб со долга историја во врвот на европскиот фудбал и благодарен сум за можноста да бидам дел од неговата иднина“, изјави минатогодишниот МВП. 

Висината на неговиот удел во мадридскиот клуб не е обелоденета. Со ова, Шеј го продолжи трендот на НБА-кошаркари кои го инвестираат својот капитал во фудбалски клубови, главно европски.

Се вчитува...