Ливерпул потроши 300 милиони евра и нема намера да запре: Слот купува и стопер

Шампионот на Англија, Ливерпул е клубот со најголема сума потрошена на трансфери ова лето. Ангажманите на Вирц, Екетике, Керкез и Фримпонг ги чинеа „црвените“ 300 милиони евра, а касата на клубот се уште е полна.

Слот создава тим по своја марка на „Енфилд“, се подготвува и за смената на генерации па така како замена за Вирџил ван Дајк го гледа Џовани Леони, 18-годишниот стопер на Парма за кој е Англичаните се подготвени да издвојат 30 милиони евра.

Преговорите за анажман на младиот стопер се веќе започнати, а интерес има и од страна на фудбалерот кој не сака да ја пропушти шасната да се пресели во англискиот великан и од Парма која сака добро да заработи за младиот талент кој доби првотимски статус на почетокот на годината, забележувајќи 17 настапи од кои 14 како стартер.

Се вчитува...