Ливерпул прави план: Дембеле доаѓа, си оди Мане

Садио Мане ќе биде фудбалерот што ќе ја плати цената за катастрофалната сезона на Реал Мадрид откако раководството на Ливерпул решило да го продаде Сенегалецот како дел од ремонтот во играчкиот кадар предвиден за летниот преоден рок. Мане и Салах веќе извесно време не функционираат најдобро како напаѓачки тандем, а згора на тоа сенегалскиот ас во последните два месеци влезе во огромна голгетерска криза што сериозно се одрази врз резултатите на клубот.

Поради ова, „црвените“ се подготвени да го продадат Мане, а на негово место да го доведат Усман Дембеле од Барселона. Французинот сезонава игра во одлична форма, но договорот му истекува во јуни 2022 година, а самиот Дембеле минатата седмица обелодени дека воопшто не добил понуда за продолжување на соработката.

Веќе е добро познато дека Барса се наоѓа во сериозна финансиска криза, па Дембеле би можел да биде еден од играчите кои ќе бидат продадени за да се намалат долговите, но и да се обезбеди буџет за засилувања за наредниот преоден рок. Се очекува Барса да бара 80 милиони евра за брзоногиот офанзивец кој ќе има само уште 12 месеци од договорот, сума што Ливерпул може да си ја дозволи, но и да ја покрие од планираната продажба на Мане.

Се вчитува...