Ливерпул се разбуди, Мане израмни на 1-1 во Истанбул

Ливерпул заигра многу подобро на стартот од второто полувреме и експресно успеа да израмни на Супер-купот на Европа против Челси.

Клучно беше влегувањето на Фирмино на местото на индиспонираниот Окслејд-Чембрлен, откако токму Бразилецот одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник, по што топката стигна до Садио Мане, кој немаше тешка задача да ја смести во празната мрежа.

Се вчитува...