Ливерпул се спасуваше од пораз против Фулам

Фулам приреди големо изненадување успевајќи да остане непоразен во пресметката со шампионот Ливерпул (1-1). Домаќините можат дури и да жалат што не стигнаа до трите бода на овој меч, ако се земат во предвид шансите шти го создадоа во првото полувреме.

Алисон одлично одбрани два зицери на Фулам, но голманот на Ливерпул беше немоќен при шутот на Рид во 25. минута. Фулам потоа имаше стопроцентна шанса и во првата минута од првото полувреме, Алисон повторно беше на висина на задачата, по што Ливерпул целосно ја презеде иницијативата.

Клоп остана и без Матип, па на полувремето од истенчената клупа мораше да го внесе Минамино, враќајќи го капитенот Хендерсон во последната одбранбена линија. Офанзивата конечно вроди со плод откако беше досуден пенал поради играње со рака по слободниот удар на Вајналдум, што Салах го претвори во израмнувачки погодок.

„Црвените“ не успеаја да го искористат ремито на Тотенхем со Кристал Палас за да бидат осамени на врвот, по ова реми двата тима се израмнети на првото место, во пресрет на големото дерби што ќе го играат в среда на „Енфилд“.

Се вчитува...