Ливерпул синоќа победи, а денеска со одлука да продаде една од своите ѕвезди!?

Ливерпул, синоќа, во повеќе од драматичен натпревар полн емоции славеше со 4-2 против Борнмут на стартот од Премиерлигата.

Сепак, според поголемиот дел фудбалски аналитичари од Островот, не беше се така идеално во составот на Арне Слот. Па, затоа и не изненадува денешната информација дека во Ливерпул веќе е донесена одлука за продажба на еден од своите првотимци.

Легендарниот Џејми Карагер, коментирајќи го синоќешниот натпревар, често го критикуваше Ибрахим Конате за неговата лоша позициска игра, нарекувајќи ја „чудна“ и „апсолутно шокантна“. Французинот не успеа добро да одбрани ниту еден од головите.

А, критиките не беа само од Карагер. На социјалните мрежи, навивачите го изразија своето разочарување и веќе бараат од раководството да го продаде фудбалерот кој веќе е многу посакуван од Реал Мадрид, пред да биде предоцна.

„Конате е далеку од потребното ниво. Треба да му се одземе платата за таа лоша дефанзивна игра. Конате мора да си оди, се чини дека самиот сака да си оди. Се однесува како да има преддоговор со Мадрид“ – се дел од коментарите за играта на Конате.

Договорот на Конате со Ливерпул истекува следното лето, а тој сè уште е отворена цел на Реал Мадрид, додека Барселона, која бара замена за Иниго Мартинез, исто така покажува интерес.

Засега, Конате се смета како незаменлив стоперски тандем со Вирџил ван Дајк, но останува да се види дали клубот навистина ќе биде подготвен да го продаде во наредните денови. Заедно со нив двајца, Ливерпул го има и Џо Гомез, кој е повреден, на чувствителна дефанзивна позиција, а пристигна и Џовани Леони, Италијанец кој има само 18 години. Неговото доаѓање се смета за еден вид подготовка за продажба на Конате, но секако треба да се запомни дека младиот репрезентативец на „аѕурите“ сè уште нема потребно искуство за најголемите предизвици кои ги бара Премиерлигата.

Се вчитува...