Ливерпул со нов триумф: Мане, Фирмино, и се разбира, Салах!

Ливерпул ја оствари 20.победа во Премиер – лигата оваа сезона, совладувајќи го на домашен терен Бурнемаут со 3-0. Сега „црвените“ имаат 70 бода на третата позиција и бод помалку од Јунајтед, кој има одиграно два меча помалку.

Садио Мане го отвори резултатот многу брзо, во седмата минута. На вториот погодок се чекаше до 69.минута, кога Мохамед Салах го постигна својот 30. гол во Премиер – лигата, а вкупно 40. оваа сезона. Во завршницата, и Фирмино стрелаше за убедлив триумф на Ливерпул.

Се вчитува...