Ливерпул убедлив со Кристал Палас, кикс на „граѓаните“ против Саутемптон (ВИДЕО)

Ливерпул убедливо со 3-0 триумфираше против Кристал Палас во 5. коло од Премиерлигата.

Победата за „црвените“ ја најави Мане во 43. минута, а потоа во второто полувреме стрелаа Салах во 78. минута и Кеита во 90. минута.

Арсенал триумфираше со 0-1 на гостувањето против Барнли со прекрасниот погодок на Одегард директно од слободен удар во 30. минута.

Манчестер сити, пак, киксна не успевајќи да победи против Саутемптон. „Граѓаните“ и покрај силните обиди за погодок, на крај одиграа натпревар без голови.

Се вчитува...