ЛОИ: Хрватската боксерка Чачиќ е сензацијата на денот во Токио

Најмладата боксерка на Летните олимписки игри, Хрватката Никола Чачиќ е сензацијата на првиот ден од Игрите во Токио.

20-годишната Чачиќ го привлече вниманието на спортскиот свет со победата на боксерскиот турнир над фаворизираната Американка, Јарисел Рамирез.

Чачиќ беше подобра против фаворитката за медал во категоријата до 57 килограми, поранешната светска јуниорска шампионка.

„Ова за мене е само почеток. Се надевам дека уште долго ќе ме гледате на турнирот. За следната противничка воопшто не размислувам, нема ни да ја гледаме затоа што така работиме откако почнав да боксувам. Тренер подоцна ќе ме упати подетално за противничката“ – истакна Чачиќ по мечот.

Во 1/16-финалето на боксерскиот турнир Хрватката во понеделник ја очекува мечот со искусната Канаѓанка, Каролин Вејре.

Се вчитува...