ЛОИ Токио: Игрите би можеле да бидат одложени за една или за две години

Извршниот организациски одбор на Летните олимписки игри кои се предвидени за претстојново лето во Токио досега тврдеше дека не се размислува за одлагање на најголемиот спортски настан годинава поради коронавирусот. Меѓутоа ситуацијата драстично се менува, па високи челнови на Бордот потврдуваат дека се разгледуваат опциите кога и како би можеле Игрите да бидат поместени. Едната опција која засега се претставува како најреална е ЛОИ да се поместат за една или две години.

Ова затоа што епидемијата на вирусот се повеќе зема замав и создава проблеми околу одржувањето на сите спортски настани. Најголемите компликации во неодржувањрто на ЛОИ се од финансиски аспект. Спонзорите досега имаат дадено милионски суми, а и организаторот веќе ја има направено комплетно целата инвестиција. ИОК од друга страна, во случај на откажување на Игрите нема да има никаква финансиска обрска кон Јапонија и кон Токио.

Затоа решението кое сега се разгледува, ако ИОК и Токио бидат принудени да ја донесат најдрастичната мерка е одложување на одреден временски период кој треба да биде подолг од една година со оглед дека во спротивно се судира со други големи спортски настани. Во Јапонија досега се приjавени 1.300 случаи на лица заболени од коронавирус. Ова оваа бројка се и 700 луѓе заробени на крузерот во близина на Токио.

Се вчитува...