ЛОИ Токио во октомври?

Олимписките игри кои треба да се одржат од 24.јули до 9. август во Токио би можеле сепак да бидат преместени за подоцна во текот од оваа година. Во следните четири седмици, Интернационалниот олимписки комитет ќе донесе конечна одлука, а според последните информации, можноста за комплетно откажување на игрите била отфрлена. Терминот кој е во игра за одржување на Игрите е од 9. до 25. октомври.

„Ова сценарио се однесува на промена на постоечките оперативни планови за Игрите како и за промена на датумот на нивно одржување. Ќе се следи развојот на ситуацијата во целиот свет и во Јапонија. Тоа ќе биде основ за носење на најдобрата одлука која ќе биде во интерес и на спортот и на сите инвловирани. Откажувањето на Игрите нема никому да донесе ништо добро“ – пишува италијанскиот „Тутоспорт“ според информации од Извршниот одбор на ИОК одржан вчера.

Паралелно со ова во светот се зголемуваат повиците од спортисти и од спортски органзиации за откажување или одложување на Игрите. Канадскиот олимписки и параолимпискиот комитет соопштија дека нема да ги пуштат нивните спортисти ако ЛОИ се одржат оваа година.

 

 

 

 

 

Се вчитува...