Лојалниот Куртоа: Челси ми даде се, не се гледам во Реал Мадрид

Тибо Куртоа важи за „план Б“ на Реал Мадрид во претстојниот преоден рок доколку „кралевите“ не успеат да го договорат Давид де Хеа, но Белгиецот јасно им стави до знаење на „кралевите“ да не се надеваат дека би можеле да го привлечат на „Сантијаго Бернабеу“. Тој чувствува огромна благодарност до Челси за досегашниот пат на неговата кариера, па поради тоа воопшто не размислува за заминување од лондонскиот клуб.

Не се гледам себеси во Реал Мадрид, Челси е единствениот тим за мене. Овој клуб ми даде се, имав можност да потпишам со нив откако ме забележаа во Белгија, потоа ми дозволија три години да бранат за Атлетико Мадрид, клуб што ми помогна да станам голман каков што сум денес. Чувствувам дека сум важен за тимот, тоа ме прави среќен и затоа се гледам во Челси и на ниту едно друго место“ – дециден и Тибо Куртоа.

Белгискиот чувар на мрежата има договор со својот клуб до јуни 2019 година, а преговорите за продолжување на соработката би требало да стартуваат по завршувањето на сезонава.

Не сум оптоварен со тоа бидејќи имам уште две години од актуелниот договор. Во моментов сите сме фокусирани само на битката за титулата“ – порача голманот на Челси.

Се вчитува...