Лојалноста пред парите: Оршиќ одби милионски понуди за да остане во Динамо Загреб

Динамо Загреб успеа во намерата да го задржи Мислав Оршиќ откако крилниот офанзивец се согласи да остане на „Максимир“ најмалку до крајот на оваа сезона.

Хрватскиот репрезентативец имаше богата понуда од премиерлигашот Барнли, како опции се споменуваа и клубови од Италија, но Оршиќ ја потврди на дело својата лојалност кон „модрите“ од Загреб.

„Во изминатите денови во центарот на вниманието на јавноста беше можниот трансфер на Мислав Оршиќ во англискиот клуб Барнли. На таа тема, како клуб сакаме да известиме дека донесена одлука Оршиќ да остане играч на Динамо, среќни сме што тој со соиграчите ќе даде свој придонес во остварување на целите – освојување на нова титула шампион на Хрватска“, објави Динамо Загреб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GNK Dinamo (@gnkdinamo)

Се вчитува...