Лопетеги: Најважно е дека ги освоивме бодовите, Македонија покажа квалитет

Шпанија доби силен отпор од Македонија, посебно во второто полувреме, но, сепак, успеа да ги освои трите бода, со триумфот од 1-2, на квалификацискиот натпревар во Скопје. Селекторот Хулен Лопетеги го потенцира токму тоа, дека примарна цел на „црвената фурија“ беа токму бодовите од овој меч.

„Одигравме еден квалитетен натпревар, и успеавме да ги освоиме трите бода. Тоа беше наша примарна цел. Поведовме брзо со 0-2, бевме одлични на стартот, но Македонија покажа дека е квалитетна селекција, посебно со играта во вториот дел. Имавме свои шанси и ние во второто полувреме, но не ги реализиравме. Мораме да бидеме задоволни со исходот на крајот од средбата“, изјави Хулен Лопетеги, по триумфот на Шпанија во Скопје.

Се вчитува...