Лопез: Барди е голем талент, но треба уште многу да напредува

Стратегот на Леванте, Пако Лопез, упати низа комплименти на адреса на Енис Барди по одличниот настап на македонскиот репрезентативец против Атлетик Билбао. Тој посочи дека има високо мислење за Барди без оглед на фактот дека синоќа првпат му даде шанса во стартниот тим откако седна на клупата на Леванте.

„Енис Барди е момче кое сака да направи многу работи во фудбалот. Тој поседува голем талент, многу зборувам со него и тој знае дека се уште треба да напредува во многу аспекти од својата игра. Барди знае дека јас имам доверба во неговите квалитети иако не играше премногу на последните натпревари. Тој напредува од ден на ден, а со тоа и неговата минутажа ќе се зголемува“ – изјави Лопез.

Синоќешната победа е од огромно значење за Леванте бидејќи тимот на Барди сега има огромни девет бода предност во однос на Ла Коруња, во битката за опстанок на четири кола до крајот на сезоната.

Се вчитува...