Лоренцо со втора победа во серија во Мото ГП

Шпанецот Хорхе Лоренцо ја запиша втората последователна победа во Мото ГП шампионатот, триумфирајќи на трката во Барселона за ГН на Каталонија.

Возачот на Дукати стартуваше од пол-позицијата и го задржа водството до крај. За Лоренцо ова е втора победа сезонава, вкупно 46 во кариерата.

На втората позиција со засотанување од 4,479 секунди, заврши актуелниот првак Марк Маркез од Хонда, а третото место му припадна на Италијанецот Валентино Роси на Јамаха.

Во генералниот пласман на возачи, Маркез е на лидерската позиција со 115 бода, пред Роси со 88 и Маверик Вињалес со 77.

Следната трка од Мото ГП шампионатот ќе се вози на 1 јули на патеката Асен за ГН на Холандија.

Се вчитува...