Лоренцо: Во Дукати ме почитуваат, во Јамаха бев само „службеник“

Хорхе Лоренцо, изјави дека преселбата од Јамаха во Дукати му дошла како добра промена. Шпанскиот мотоциклист вели дека во Дукати е повеќе ценет како возач отколку во тимот на Јамаха во кој возеше заедно со Валентино Роси.

Иако првите тестирања во новиот тим не беа со најдобри резултати, Лоренцо во Дукати има доволно време и слобода да се навикне на новиот мотоцикл кој е многу потежок за управување. Заедно со него во гаражата на Дукати работат многу инжениери кои се обидуваат на секој начин да му помогнат пред стартот на трките.

Тоа е нешто што сакав да го променам во Јамаха. Ја гледав и гаражата на Маркес која исто така беше полна со инжениери, и посакував таков начин на работа, но во Јамаха не одговорија на моите барања. Во Дукати ме третираат со почитување, додека во Јамаха бев само „службеник“ – вели Хорхе Лоренцо.

Шпанецот ја истакнува и добрата соработка со шефот на Дукати, Џиџи Далина.

„Ако го оставиме на страна тоа што има врела италијанска крв, Далина е перфекционист и има јасен метод на работа. Тој е комбинација од италијански, јапонски и германски карактер. Мислам дека во Дукати има многу позитивни промени откако е тој на чело на тимот“ – додава шпанскиот возач.

Се вчитува...