Лорик Јакупи ја напушти Шкендија

Крилниот напаѓач Лорик Јакупи повеќе не е дел од Шкендија, oткако клубот објави дека ја почитуваше желба на играчот да ја продолжи кариерата во средина каде што ќе има можност за поголем напредок.

„Шкендија објавува дека ја прекинува соработката со играчот Лорик Јакупи. 21-годишникот, кој порасна во младинскиот систем на нашиот клуб и е дел од првиот тим неколку години, ќе ја продолжи кариерата во нова средина, со цел да се обезбеди повеќе простор за играње и да се направи уште еден чекор напред во неговиот професионален развој. Клубот, со меѓусебно разбирање и почитување, ја прифати желбата на Лорик да го следи овој нов пат, посакувајќи му успех во остварувањето на неговите спортски цели. Шкендија му се заблагодарува на Лорик Јакупи за неговиот придонес низ годините и му посакува здравје, успех и просперитет во продолжувањето на неговата спортска кариера“, стои во соопштението на Шкендија. 

Се вчитува...