Лош почеток на годината: Мареј елиминиран во првото коло во Мелбурн

Енди Мареј го заврши своето учество на турнирот во Мелбурн, откако беше елиминиран во првиот круг. Подобар од него беше Аргентинецот Факундо Банис, кој славеше со 2-1 во сетови, 6-3, 5-7, 6-3.

Мареј никако не можеше да се состави, па постојано правеше грешки во низа, а во третиот сет дури го скрши и рекетот од фрустрација.

Ова е разочарувачки почеток на сезоната за поранешниот шампион на Вимблдон, кој ќе учествува на претстојното Отворено првенство на Австралија, откако доби специјална покана од организаторите.

 

 

 

Се вчитува...